Пијанечкиот регион го зафатија снежни врнежи
Пијанечкиот регион од вечерва е под снежна покривка. Снегот интензивно започна да паѓа по 18 часот, а во моментот снежната покривка е најголема на планината Голак.
Граѓани кои решија да ја посетат планината, велат дека патот целосно е покриен со мала снежна покривка.
-Се искачивме најмногу заради љубопитноста на децата и може да кажеме дека има доволно снег на најголема радост на најмалите, велат граѓани.
Иако во Делчево врнежите засега на навестуваат поголеми проблеми по одвивањето на сообраќајот во градот, сепак надлежните со уверување дека спремни ќе ги дочекаат евентуалните поголеми снежни наноси.
-Имаме доволни колчини сол и песок кои ќе ги употребиме доколку временските услови го налагаат тоа. Екипите од утрово ќе направат обиколка и ќе интервенираат доколу има потреба од тоа, велат од ЈПКД „Брегалница“.
Освен во Пијанец снегот со послаб интензитет пристигна и во Малешевијата. И таму засега според информациите на граѓаните снегот го има само на највиоските делови во Берово и Пехчево.
Ново на Сител
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје