Пијана невеста ја растурила свадбата- ги претепала младоженецот, бабата и кумовите
Венчавката би требало да биде најсреќниот ден во животот на невестата и младоженецот, но во Баварија поради алкохолот тоа не беше случај.
Една невеста, според соопштението од полицијата, испила премногу алкохол и потполно пијана почнала да тепа повеќе лица на свадбата.
Меѓу жртвите бил и младоженецот, кој поради тоа што не можел да ја смири, повикал полиција да интервенира.
Кога чуварите на безбедноста пристигнале на венчавката невестата веќе го претепала младоженецот, неговата баба и кумовите. Потоа се затворила во една просторија, од која излегла дури по долгите преговори со полицијата.
Од сопствената венчавка е одведена со лисици и покрената е постапка поради нанесување на телесни повреди.
Во извештајот на полицијата не се наведува зошто невестата „одлепила“ и почнала да тепа се околу неа.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар