Пијан граѓанин направил хаос во Тетово - Еве што се случило
Б.М.(20) од Теарце синоќа околу 22 часот и 45 минути го нарушил јавниот ред и мир во Тетово откако во забележително алкохолизирана состојба со раце скршил две банкарски светлечки реклами, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци инцидентот се случил на улицата „Илинденска“ во Тетово по завршувањето на квалификациониот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Албанија и Србија што организирано се следел на тетовскиот плоштад.
Движејќи се по улицата Б.М. со раце ги скршил светлечките реклами и при тоа се самоповредил по што е бил приведен од полицијата и откако му била укажана лекарска помош во тетовската клиничка болница му биле изготвени два платни налози по член 5 и 6 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците