Живот
10. September 2015 - 18:11

Пијан гостин исфрлен од хотел во количка за багаж!

Филипинската полиција имала проблеми со пијан Шкотланѓанец ​, со кој се бореле за да го извлечат од хотелот во кој престојувал.
 
Неименуваниот пијаница, после судирот со полицијата и хотелскиот персонал бил совладан и однесен со количка за багаж.
 
Сепак, на крајот се било завршено како што треба, а пијаниот човек бил однесен во болница на детоксикација.