Петстотини студенти ќе добијат стипендии од Фондот на штипскиот универзитет

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ (УГД) и бизнис секторот од земјава формираа Фонд за стипендирање на најдобрите студенти на сите факултети на УГД.
Проректорот за наука при УГД-Штип, Блажо Боев, кој од септември треба да стапи на новата функција ректор на штипскиот универзитет на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за универзитетски фонд за стипендирање на студентите, а кој почнува со новата академска година.
- Значи тоа е Фонд кој засега го финансира бизнис секторот од земјава. Сакаме да најавиме дека во текот на зимскиот семестар 2015-2016 година, Фондот ќе распише оглас за доделување на 300 стипендии за студенти на универзитетот „Гоце Делчев“ и за во текот на летниот семестар уште 200 стипендии, значи тоа е таргет на УГД 500 стипендии да бидат дадени на студентите и тоа на најдобрите. Не е намерата да стимулираме да речеме просечност, туку нашата намера е да ги стимулираме најдобрите, вели Боев.
Тој додава дека стипендијата за еден студент ќе изнесува 200 евра, а ќе бидат опфатени студентите од втора до четврта година од сите факултети и академии на универзитетот без селективен пристап.
- Се надеваме дека наредната година ќе влеземе во втората фаза на презентација на Фондот, а тоа се конкретни договори со бизнис заедницата во поглед на месечни стипендии за оние најдобрите, значи ова ќе биде еден мониторинг на првата фаза од проектот. Бизнис заедницата ќе ги гледа апликациите на студентите и потоа ќе влезе во директно склучување на договори, вели Боев.
Стипендиите кои годинава ќе ги добијат 500 студенти во академската 2015-2016 година ќе бидат неповратни. Боев вели дека создавањето на овој Фонд е резултат на разговорите и анализите кои се направени со бизнис секторот, а целта е стопанството да биде вклучено со цел да се создаде квалитетен кадар, кој што веднаш ќе се вклучи во реалниот сектор.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
