Петровски: Да се размисли за создавање Специјално обвинителство за злоделата на УДБА
Македонија треба да размислува за создавање Специјално обвинителство кое ќе работи расчистување на историските неправди од работата на поранешните тајни служби и ќе лоцира одговорност за лицата кои низ историјата, а особено во независна Македонија по 1990 се до 2000 година кои вршеле идеолшки прогон на цели семесјтава. Оваа иницијатива како личен став ја заговара директоор на Државниот Архив, Филип петровски, по објавувањето на првите 9 тома од големиот број досиеја на тајните служби.
Објавените досија откриај и шокантни податоци кои потврдуваат дека во независна Македонија цели десет години, а и во период додега беше на власт, биле следена легална и легитимна политичка партија. Архивските документи покажаа дури во јуни 2000 година биле ререгистрирани дел од лицата кои биле предмет на обработка.
Во тој период министер за внатрешни е Павле Трајанов, како дел од коалицијата на Георгиевски. Тој во интервју за Прес24, тврди дека никогаш не изадал налог за следење на вмро дпмне како партија.
- Во 1998 година, кога ја презедов функцијата, прва наредба беше да се престане со било какви активности сврзани со следење, прислушкување или продолжување со полициска обработка на лица од политички и идеолошки причини. Имаше отпори и коментари дека со ваквата одлука ќе ја загрозам безбедноста на државата и сл. Далеку од паметот е дека продолжило следењето на ВМРО-ДПМНЕ и во тоа време, вели Трајанов за Прес 24. Сепак не исклучува можност поединци во службатра да работеле на своја рака.
- Процесот на трансформација на СДБ бавно се одвиваше. Тешко беше некои оперативци да ги разубедите дека не се непријатели на Македонија тие што се залагале за независна Македонија. Можно е некои да пишувале извештаи или да го смениле основот за обработка, на пример дека некој подготвува терористички акт, работи за странска служба и сл, вели Трајанов за Прес24.
За Директорот ан Архивот Петровски нема дилеми дека ВМРО ДПМНЕ била предмет на обработка се до 2000 година.
Објавувањето на архвските досиеја на поранешните тајни служби се еден од највредните исторсики документи кои предизвикаа голем интерес во јавноста.
-
Марјан Николовски
Сите содржини од овој новинар