Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош кое во моментов се разгледува
Пристигнато е ново барање од украинска страна, за дополнителна воена помош, класифицирано е и во моментов Генералштабот го разгледува, соопшти денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговорајќи на новинарски прашања по завршувањето на брифингот по повод отпочнување на активности мултинационалната вежба „Брз одговор 23“.
-Минатата недела, мислам, пристигнато е ново барање, се разбира тоа е класифицирано од украинската страна се разгледува во Генералштабот на армијата, дали можеме и во која мера да одговориме и ако добиеме позитивно мислење се разбира соодветно ќе ја известиме јавноста доколку Владата донесе дополнителна одлука. Сега во моментов, како што напоменав, се прави анализа, а се разбира ние сме отворени сè додека има потреба од поддршка Република Северна Македонија, да пружи поддршка, изјави министерката.
Петровска повтори дека барањето е класифицирано, напоменувајќи дека одлуките кои веќе се донесени се декласифицирани и ѝ се достапни на јавноста.
- Се однесуваат повеќе барања како што реков тие се класифицирани не би ги споделувала во детали. Она што досега го испорачавме и одлуките кои ги донесовме досега тие веќе ги декласифициравме како што објавив, мислам дека веќе е објавено и на сајтот на Министерството, каде што само е задржано само правото да не ги споменуваме, да не ги споделуваме количините, тоа е заради тоа што сепак, станува збор за оперативни информации. Меѓутоа видот во смисла на тоа каков вид подетално на оружје, вооружување веќе сме донирале е објавено, изјави министерката за одбрана Петровска.
Ново на Сител
-
Републиканката Луна бара портрет на Трамп да се постави на планината Рашмор
-
Уапсен хирург од битолска Клиничка болница за примање поткуп
-
Дваесет македонски компании реализирале извоз од над пет милиони евра преку Лидл Северна Македонија
-
Петковиќ: Србија на чело со Вучиќ никогаш нема да го признае Косово
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патот Гајре - Попова Шапка
-
Се поголема поддршка за иницијативата за бојкот на продавниците
-
ЕСМ производство бара 20% поскапо парно
-
Возач удрил пешаци па побегнал од местото на настанот - тешко повредено 73-годишно лице од Крива Паланка