Петровска побара санкции за полицајците и го осуди приведувањето на момчето

Славјанка Петровска, дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи, изрази несогласување со, како што вели, начинот на кој постапиле полициските службеници при приведување на момче со домашно милениче заради прекршување на полицискиот час.
„Очекувам и соодветна санкција за нивното непочитување на мерките и неносење на заштитни маски и ракавици. Ако казнуваме за неспроведување на мерките, како тоа ние први да ги прекршуваме?“, напиша Петровска на фејсбук.

Откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како полицајци со полициски автомобили и едно полициско комбе, без никаква заштитна опрема, приведуваат едно момче со неговото куче, реагираше и Министерот Наќе Чулев, кој најави дека одделот за внатрешна контрола ќе го испита настанот.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
