Петроски: Се политизира изградбата на автопатите
ВМРО - ДПМНЕ денеска оцени дека започнатата изградба на патиштата не треба да биде прекината од страна на Владата и посочи дека СДСМ треба да ги исполни дадените ветувања за изградба на 550 километри автопати и 600 километри магистрални патишта.
Осврнувајќи се на стопирањето на изградбата на автопатите Божидар Петроски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека СДСМ ја политизира изградбата на автопатот Кичево - Охрид не земајќи ја предвид важноста на проектот.
- Секаде во светот при изградба на големите инфраструктурни проекти, се појавуваат одредени проблеми, но задача на одговорните ресори е да пронајдат решенија за отстранување на тие проблеми и навреме да се довршат овие проекти за кои потребно е многу време да се подготват и да се реализираат. Исто така секој ден одложување на изградбата значи и загуба за економијата и туризмот поради лошата инфраструктурна поврзаност и слабиот проток на возила која постои во моментов, рече Петроски.
Тој посочи дека се проблематизира и пуштањето на автопатот Демир Капија - Смоквица и изградбата на експресниот пат Прилеп - Градско, а прекината е и градбата на автопатот Штип - Миладиновци.
Ново на Сител
-
Во Хрватска денеска бојкот на пекарници и пекарски производи, од утре бојкот на нов трговски синџир
-
Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Стопанската комора на трговци на големо и мало на средба со министерот за економија
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција
-
14 февруари: Вepувањата зад Св. Трифун и Св. Валентин
-
Под лажен идентитет уапсен наркобос од Македонија на аеродромот во Женева
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Владата не ја донесе одлуката за ограничување на маржите