Македонија
15. April 2020 - 11:23

Петок неработен за граѓаните од православна вероисповед, понеделник за сите

Министерството за труд и социјална политика  соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ , 17 април, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија е 20 април, понеделник, Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.