Петнаесетмина лесно повредени во Мелиља по земјотресот во Медитеранот
Петнаесет лица во шпанската енклава Мелиља се лесно повредени, по земјотресот со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала, што утрово е регистриран во Средоземно Море во реонот меѓу Мароко и Шпанија, изјави премиерот на енклавата, Хуан Хозе Имброда.
Шпанскиот Национален географски институт соопшти за повеќе вторични потреси, меѓу кои два со интензитет од 4,6 степени три часа по најсилниот земјотрес.
Шпанската телевизија објави снимки на кои се гледаат парчиња бетон кои паднале од станбени згради во Мелиља, како и луѓе кои поради паника излегле на улиците во пижами.
Според Имброда, зградата на Владата во градот е најмногу оштетна и ќе биде затворена три дена. Тој побара од граѓаните да не ги користат многу сопствените возила, за да не се блокира сообраќајот.
Епицентарот на потресот се наоѓал на 62 километри северно од мароканскиот град Ал Хосеима и на 164 километри југозападно од Гибралтар.
Ново на Сител
-
Мицкоски оптимист за иднината на земјава во ЕУ, од Брисел порака дека европскиот пат зависи од уставните измени
-
Презентација на Реформската агенда на Владата (2024-2027) во Собрание
-
Во текот на ноќта соборени 17 украински дронови над руска територија
-
Трамп ја именуваше менаџерката на кампањата Сузан Вајлс за шефица на кабинетот
-
Двајца загинати и 12 исчезнати по потонување на рибарски брод во Јужна Кореја
-
Сончево со студено утро
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ