Петнаесет години од загинувањето на македонските бранители кај Карпалак

Со положување цвеќе пред спомен-плочата во месноста Карпалак и во комплексот „Карпалак“ во Прилеп денеска ќе се одбележат 15 години од загинувањето на 10 –те бранители на Карпалак во 2001 година.
Венци со цвеќе ќе положат делегација на Владата предводена од министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.
На 8 август 2001 година на патот Скопје - Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што загинаа десет армиски припадници: Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.
Почит на загинатите со положување цвеќе на загинатите вчера беше оддадена во прилепската касарна.
- Токму од ова место на 8 август 2001, дел од нашата единица се упати на задача кон Тетово, но за жал, кај Карпалак беа пресретнати од група терористи и нападнати. Поголемиот дел од колоната се извлече, но десетмина загинаа, рече мајор Славчо Кузмановски.
Беше посетен и споменикот на загинатите бранители во селото Лениште, а во манастирот „Света Петка“ се одржа вечерна литургија.скс/са/08:52
Ново на Сител
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
-

Следува период потопло време, со максимални 39 степени
-

Годишните приходи на ОпенАИ би можеле да надминат 40 милијарди долари
