Свет
24. November 2015 - 17:43

Петмина повредени во престрелка во Минесота

Пет лица се повредени во престрелка во американскиот град Минеаполис, соопшти полицијата.

Локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил за време на протести поради сметта на црнец, убиен од страна на полицијата.

Полицијата трага по тројца белци, откако петмина се повредени од огнено оружје во блзиина на полициска станица.

Повредените се хоспитализирани, но не се во животна опасност.