Петмина повредени при тепачка меѓу бегалци во Германија
Пет лица се сериозно повредени во масовна тепачка меѓу ирачки јазиди и Чеченци во близина на бегалски камп во североисточниот германски град Билефелд, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтинг“, инцидентот се случил во саботата во близина на кампот, кога се судриле две групи од по петнаесетина луѓе вооружени со ножеви и метални шипки. Повредените во тепачката имаат фрактури и повреди на главите.
Веднаш по тепачката што се случила на околу 500 метри од кампот, каде биле сместени припадниците на двете групи, биле уапсени двајца Чеченци кои набрзо се ослободени.
Германската полиција успеала ноќта по инцидентот да спречи уште една тепачка кога група од стотина јазиди насилно влегле во кампот со намера да се пресметаат со Чеченците. По нередите локалните власти одлучиле двете групи да бидат преместени во различни кампови со цел да се избегнат нови инциденти.
Тепачките меѓу различни етнички и верски групи бегалци се честа појава во германските бегалски кампови.
Според новиот закон, што го донесе Федералната владам сторителите на тешки кривични дела во иднина многу полесно ќе можат да бидат депортирани во матичните земји, ако по втор пат сторат кривично дело.
Ново на Сител
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат