Петмина повредени при превртување на џип на автопатот кај Куманово
Пет лица се повредени откако патничко моторно возило „Jeep“ управувано од K.K.A.A.(1972) од Египет, кој живее во Холандија излетало од патот и се превртело на десната страна од коловозот на автопатот Граничен премин Табановце - Куманово во насока кон Куманово.
Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила вчера попладне, а пријавена е во 15,30 часот.
- По незгодата со возило на Итна медицинска помош возачот и уште четворица сопатници од неговото возило биле пренесени во Медицинскиот центар во Куманово за укажување лекарска помош и од страна на лекар им биле констатирани повреди, наведуваат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани