-->
-->
Петмина повредени при напад врз воен Центар за обука во Авганистан
-->
Најмалку четворица авганистански војници и еден цивил се повредени при денешната експлозија што се случи на влезот од воениот Центар за обука во Кабул.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими првично изјави дека тоа е напад на бомбаш-самоубиец, а подоцна прецизира дека се фрлени неколку рачни бомби.
Бомбите се фрлени врз влезот на Центарот утрово додека питомците доаѓале на обука.
Се уште никој не презел одговорност за нападот.
Талибанците и припадниците на Исламска држава често ги напаѓаат авганистанските безбедносни сили и владини претставници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ само бараат причина за дестабилизација
-
За еден ден три лица каснати од кучиња скитници во Скопје
-
Загина велосипедист во Гостивар
-
СДСМ: Шефот во ЈПДП не плаќа патарини
-
Кој колку должи – УЈП ја објави најновата листа на должници
-
Купувањето преку интернет е сигурно, но не преку социјалните мрежи
-
Бектеши: Укинувањето на балансерот води кон дестабилизација
-
Сиљановска Давкова изрази сочувство по повод смртта на Алекс Салмонд