Петмина Палестинци убиени при обид за напад врз израелските безбедносни сили

Петмина млади Палестинци, од кои тројца се тинјеџери, се убиени во различни инциденти, при обид за напад врз израелските безбедносни сили.
Во соопштението на израелските власти се вели дека во инцидентите, што се случиле вчера, една Палестинка-тинејџерка е тешко повредена, кога се обидела да ги нападне со нож израелските безбедносни сили.
Во сите овие инциденти, нема загинати и повредени Израелци.
Во првиот инцидент, кај градот Џенин, во северниот дел од Западниот Брег, две момчиња фрлале камења по еден автомобил во движење. Кога пристинала воена патрола, едно од момчињата, почнало да пука со огнено оружје, на што одговориле војниците убивајќи ги и обајцата.
Во други два инциденти, еден млад Палестинец нападнал со нож полицаец на контролен пункт, но бил застрелан во самоодбрана, додека двајца други Палестинци се убиени кога врз израелски полицајци отвориле оган од автоматско оружје.
Овие ининциденти се случија надвор од стариот дел на Ерусалим и кај еден од неговите влезови.
Инцидент е регистриран и во саботата, во градот Хеброн, каде бил убиен 18-годишен Палестинец, кога се обидел да нападне со нож израелски војник.
Во досегашните напади со нож или со огнено оружје врз израелските безбедносни сили или цивили, се убиени 160 Палестинци и израелски Арапи, најголем број од нив напаѓачи, како и 26 Израелци.
Нападите на Западниот Браг, во реонот на Ерусалим и во делови од Израел, почнаа од октомври 2015 година.
Последните случувања во изминатиит викенд покажуваат дека насилствата не се намалуваат. Тие остануваат спорадични, но не се прекинуваат.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
