Петличковски потврди дека техничка грешка бил мејлот со кој тој се разрешува од претседател на КЗБ
Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски, на прес-конференција денеска прашан дали вчера добил мејл со кој го разрешуваат од функцијата, вели дека добил мејл со листа на други имиња, но потоа стигнала корекција.
-Да, добив меил со една листа на имиња на која претседател беше друг. Но, после тоа дојде и корекција. Разговаравме со министерот, прилично уверливо ми објасни дека се работи за техничка грешка и продолжуваме и понатаму во истиот состав, рече Петличковски по состанокот на Комисијата за заразни болести, на која главна тема била состојбата со големата кашлица.
Вчера дел од медиумите објавија дека новиот министер за здравство Илир Демири го разрешил Петличковски од функцијата претседател на Комисијата за заразни болести, по што беше испратено соопштение од Министерството за здравство до медиумите во кое беше наведено дека Петличковски останува актуелен претседател на Комисијата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Извозот во овој квартал се стабилизира, иако постои силен предизвик со кризата во автомобилската индустрија
-
УХМР: Мај постуден од вообичаено и нормално врнежлив со исклучок на Охрид
-
Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП
-
Трет ден протест на дел од медицинскиот персонал и техничка служба од Клиничка болница Тетово
-
УКИМ не е меѓу најдобрите 2.000 универзитети според CWUR
-
Манасиевски: Судијата кој одлучувал за враќање на пасошот на Јахоски треба да се разреши
-
Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната
-
Избоден малолетник во тепачка меѓу две групи ученици кај хотел „Карпош“