Македонија
30. јуни 2022 - 19:40

Петличковски: Не очекува нов ковид бран, но нема место за паника

Внимателни, но без паника дека новите бројки на ковид 19 навестуваат тешка есен. Се надеваме дека новиот бран кој е во зачеток ќе биде како обична настинка и нема повеќе да мислиме на тестирања и изолации, вели имунологот и претседател на Комисијата  за заразни болести проф. Александар Петличковски. Појаснува дека да не била новата мутација ќе имало подолг мирен период без бранувања во бројките, но статистиката не е страшна се додека болниците се без наплив од пациенти.

-Но новта варијанта е тука присутна е и го заобиколува досега стекнатиот имунитет и затоа и зголемен број на новодијагностицирани. Иако бројот на нови случаи расте, ниту кај нас ниту во Европа апсолутно нема место за паника, еве конкретно кај нас имаме само 8 лица хоспитализиран исо ковид и неколку денови без смртни случаи, вели проф. Др. Александар Петличковски, претседател на Комисија за заразни болести.

  Новите подваријатни на омикрон не предизвикуваат тешка клиничка слика а зголемувањето на бројот на заразени се должи и на летниот период и големата фрекфенција на луѓе. Петличковски не очекува дека овој период некоја земја размислува за враќање на рестрикциите. Министерот за здравство, пак, малку попретпазлив, вели дека се зависи од нас и од интересот за вакцинација.

-Јас сум присталица, односно оној што е најмалку за рестриктивни мерки, меѓутоа доколку ние не одоговориме позитивно на апелите што ќе ги упатуваме, тогаш ќе бидеме принудени да воведеме мерки за заштита на населението, вели Беким Сали министер за здравство.

Министерот за здравство вели дека во државата во моментот има на располагање 480 000 вакцини со рок на траење до октомври и декември.