Балкан
14. јуни 2022 - 11:43

Петков: Уште едни избори во Бугарија ќе бидат губење историско време

Бугарскиот премиер Кирил Петков при посетата на Велико Трново коментираше дека доколку неговата земја влезе во серија избори, тоа ќе биде катастрофално и губење историско време.

Петков коментира дека продолжуваат разговорите со многу луѓе, бидејќи идејата е секој да ја сфати големата одговорност што ја носи. Доколку не се усвојат 22 нацрт-закони до крајот на годината, Бугарија ќе загуби и ќе запре 12 милијарди лева (6 милијарди евра) од европските фондови за бугарската економија, ажурирањето на пензиите нема да се случи, младите семејства нема да добијат дополнителни даночни олеснувања , а цената на горивата ќе продолжи да биде висока, додаде тој.

Петков изрази надеж дека примерот на петтемина пратеници од „Има таков народ“ и министерот за спорт во оставка Радостин Василев, кој вчера ја напушти пратеничката група, ќе го следат и останатите пратеници. Според Кирил Петков, најважното нешто на што сега се фокусираат е тоа што во 47. Народно собрание имаат 121 пратеник кои немаат никакви зависности. Тој истакна дека е важно ниту еден од нив да не ја запре реформата во правосудството, како и промената во Антикорупциската комисија и дека може да се прифатат измените во буџетот на Бугарија. Нашата лојалност е кон Бугарија“, изјави премиерот Кирил Петков.