Петков: По ниеден начин не ги доведуваме во прашање идентитетот и јазикот на Република Северна Македонија

Многу ме разочара што додека студирав на Харвард и додека зборувавме за Латинска Америка, мојот професор додека зборуваше рече дека и во тој дел од светот се забележува балканизација. Кога го запрашав што значи балканизација, ми одговори дека тоа е веќе економски термин кој означува некоординираност. Јас умрев од срам. Да го користат нашиот регион како пример и термин за некоординација, откри за Сител премиерот на Бугарија Кирил Петков.
-Кога сум патувал низ Балканот, а сум патувал многу, тоа што ми оставило впечаток е дека инфраструктурата горе-доле ни е на едно ниво, економиите ни се горе доле на исто ниво. Музиката ни е еднаква. Секој на Балканот за себе говори не само конструктивно и позитивно туку и ги прекорува другите. Како е можно да имаме толку заеднички нешта а толку лоши мисли да се зборуваат, рече Петков.
Запрашан кој е неговиот став за македонскиот јазик и народ Петков одговори дека Бугарија е првата држава која ја призна Северна Македонија како самостојна држава и тој се гордее со тоа.
-Кога си самостојна држава ние по ниеден начин не го доведуваме во прашање идентитетот, јазикот во Република Северна Македонија. Тоа е ваше идентитетско право. Никој тоа не го оспорува. Постојат две прашања. Прво, зошто за толку години не сме направиле поблиски врски. И тоа не на политичка основа. Треба да изградиме вистински взаемни врски кои нема да зависат од тоа кој седи тука. Да не зависи кој е премиер во Македонија или Бугарија. Тие врски треба да се трајни. Ако двата народи мислат дека имаме најдобри односи, ниеден политичар нема да се осмели да направи нешто друго. Второ, не треба да мислиме тесноградо. Дел од проблемите треба да ги адресираме на едно европско ниво. Ако поставиме едни јасни правила, како на пример дека говор на омраза не е дозволен. Секој обид треба да се пресече. Не може да се користи говор на омраза за сосед со кој сакаме да имаме добрососедски односи, вели Петков.
Ново на Сител
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум
