Петков: Наскоро ќе заврши ерата на бугарските „златни пасоши“
Наскоро ќе дојде крајот на „златните пасоши“, изјави премиерот на Бугарија Кирил Петков при парламентарната контрола во Народното собрание.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, цитирајќи го премиерот Петков, таканаречените „златни пасоши“ издадени откако странец инвестирал во Бугарија се проблем и за Шенген и за укинувањето на американскиот визен режим.
Златните пасоши се порок, рече тој, а владата во Софија ќе бара решение.
Бугарија ќе престане да ги дели затоа што се сосема погрешна политика.
Бугарија мора да има углед на европска земја, а не некаков влез на некои нелегални луѓе кои купуваат евтин пристап до европскиот пазар и ЕУ. Ќе ги елиминираме целосно, тие се погрешна политика. Секој кој е поврзан со нив ќе биде соочен со полна сила на законот, рече Петков.
Повод за отворање на прашањето беше прашањето на ДПС, партијата која соопшти дека имаат сознанија за 120 лица кои учествувале во шемата за стекнување бугарско државјанство со инвестирање.
Според Хамид Хамид, повеќето од нив се главно Кинези, некои од кинеското разузнавање и Руси. „Сите инвестиции биле со иста вредност – милион лева (500.000 евра) и поминале преку истите полномошници и поминале низ иста банка“, наведе Хамид според сознанието со кое располагале.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
