Петков: Народното собрание донесе историско решение

Премиерот на Бугарија во оставка, Кирил Петков на својот Твитер профил денеска напиша дека Народното собрание донесе историско решение, што дава зелено светло на францускиот предлог за приклучување на Северна Македонија во Европската Унија, јави дописникот на МИА од Софија.
-Интеграциите на Западен Балкан се од стратешки интерес за ЕУ, пишува Петков.
Бугарскиот премиер потоа пред новинарите во Брисел изјави дека Народното собрание донело навистина одговорна одлука и се заблагодари на министерката за надворешни работи во оставка, Теодора Генчова, „која јасно стави до знаење и покрај притисокот од партијата што ја номинираше, дека тоа е најдобро решение“.
-И благодарам на Генчовска за храброста и покрај коментарите на Слави Трифонов, додаде Петков.
Според него, 170 гласови од 240 е потребната поддршка за ваква одговорна одлука.
Тој додаде дека европските лидери заклучиле оти Бугарија го направила својот чекор и оцениле дека оваа одлука е поддржана од француската Влада и ЕУ и како што посочи Петков, „сфаќаат дека бугарските барања стануваат европски“.
Според бугарскиот премиер во оставка, време е Владата на Република Северна Македонија да ја води својата нација.
-Во моментов останува на нив да кажат дали сакаат да бидат дел од ЕУ и дали се подготвени да ги преземат чекорите за тоа да стане реалност, заклучи Петков.
Ново на Сител
-

Папата: Не молчете пред светските конфликти
-

Орбан свика вонреден совет за одбрана откако експлозиви беа пронајдени во Кањижа
-

Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
-

Приведени двајца алкохолизирани тиквешани, едниот возел и без возачка, а друг се расправал со полицајци
-

Променливо време со силен ветер и дожд од средината на неделата
-

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски
-

Николоски: Проектот „Градски воз“ напредува одлично, до јуни ќе биде завршена правата линија, а од 1 септември пуштена во сообраќај
-

Денвер го победи Сан Антонио во продолжение, Јокиќ постигна 40 поени
