Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице

На 16.04.2026 во 16:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Б.(43) од Битола затоа што физички ја нападнал својата мајка.
На 16.06.2026 околу 11:00 часот во СВР Куманово, 65-годишна жена од Куманово пријавила дека подолг временски период нејзиниот син И.А.(35) агресивно се однесувал и психички ја малтретирал.
На 16.04.2026 во 10:40 часот во ОВР Струга, 56-годишна жена од струшко пријави дека нејзиниот партнер подолг временски период физички и психички ја малтретирал, а дента ја избркал од дома, при што ѝ ги одзел клучевите од домот.
На 16.04.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 59-годишна жена пријави дека околу 13:00 часот на подрачјето на Центар нејзиниот поранешен сопруг Љ.Ц.(65) упатувал закани кон неа и нивниот син.
На 17.04.2026 во 00:15 часот во СВР Скопје 48-годишна жена пријави дека на 15.04.2026 нејзиниот поранешен партнер Д.Н.(51) упатувал телефонски закани кон неа, нејзините деца и кон нејзиниот поранешен партнер.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
