Пет полицајци повредени во вчерашните протести

Пет униформирани полициски службеници се повредени во вчерашните протести во Скопје. Укажана им е лекарска помош во ГОБ - Св. „Наум Охридски“ каде што им се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување, соопшти денеска МВР.
Во соопштението се појаснува дека вчера во 18.00 часот во Скопје пред објектот на Собранието на РМ лоциран на ул.„11-ти Октомври“ започнало со собирање на група на граѓани од невладини организации, граѓански иницијативи, движења и неформални групи.
Во 18.40 часот бројката на протестанти достигнала од 4.000 граѓани кои ја блокирале улицата и во еден момент дел од групата од околу 2.000 лица започнале со движење кон ул.„Димитрие Чуповски“ во правец на Полициската станица – Центар, а потоа се упатиле и во правец на ул.„Даме Груев“ кон објектот на ВМРО-ДПМНЕ. Во непосредна близина на ТЦЦ Плаза биле блокирани од страна на полициски службеници кои поставиле поставен кордон. Дел од групата граѓани започнала со каменување на полициските службеници.
- Без употреба на физичка сила, со употреба на тактичка техника – потиснување, масата од околу 2.000 граѓани од страна на полициските службеници била потисната, а се со цел одбивање на каменувањето, како и да се спречи оштетување на објекти и повреди на други лица, се вели во соопштението.
Откако групата почнала да се растура, дел од околу 1.000 лица се упатиле пред објектот на Влада на РМ каде што по краток престој се разотишле во помали групи во различни правци. Собирот завршил во 22 часот.
Ново на Сител
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
-

Јанев: Падна митот за недопирливите во Прилеп, нема повеќе криење позади униформата и врските
-

Се бара оставка од Филипче - Платформата 12.05 го достави, СДСМ јавно го објави и го одби планот за промени
-

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да ја истражи Славјанка Петровска
-

Четврти интернационален конгрес за студенти по медицина од 15-18 октомври
-

„Мото Илинден“ со фестивал за адреналин и поголема сообраќајна култура
-

Газдата на „Пулс“ во Кривичен – Дали ќе добие нова мерка притвор?
-

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство
