Пет нови случаи на полицајци заразени со коронавирус
Нови пет случаи на заразени полицајци со коронавирус се регистрирани во МВР, со што, вкупниот број на припадници на министерството кои се заразени од вирусот се искачува на 27 случаи. Станува збор за службеници кои работат во граничната полиција, односно ја обезбедуваат јужната граница.
Во изолација се 56 припадници на МВР, поради претходен директен контакт со заразени колеги. Епидемиолошките анкети ќе треба да покажат кој е нултиот пациент од кого почнала да се шири заразата.
Новите пет заболени во МВР, се дијагностицираат по две недели откако позитивен тест за коронавирус имаа седум вработени во Единицата за брзо распоредување, кои престојуваа во Охрид поради работни активности. Тогаш, во изолација беа ставени 39 лица кои имале контакт со нив.
Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера посочи дека има и 13 здравствени работници кои се заболени од коронавирусот, од кои 11 се од ГОБ „8 септември“, а двајца од Гинеколошко-акушерската клиника.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст
-
Донесени измените на Законот за средно образование
-
Зоолошка: Ламата која угина имаше туберкулоза, за оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!