Бизнис
5. August 2015 - 20:19

Пет мали хидроцентрали ќе се градат во Пехчево

Пет мали хидроцентрали со вкупна моќност од 2 мега вати ќе се градат во туристичката населба „Равна река“, во Општина Пехчево. Четири годишната студија на Министерствот за животна средина и просторно планирање ги одреди локациите за градба и ги одобри елаборатите на инвеститорите, кои треба целосно да се придржуваат кон пропишаните мерки за заштита. Првиот човек на општината вели дека малите хидроцентрали и електрификацијата на населбата чиј далновод започнува да се поставува веќе од следната недела е „ветер во грб“ за развој на туризмот.

Со самото електрифицирање ќе имаме голем потенцијал и за туризам и за изградба на објекти, хотели и буквално бенифитот ќе биде голем за сите граѓани-изјави Игор Поповски, градоналчалник на општина Пехчево

Хидроцентралите се распоредени сукцесивно. МХЕ Брегалница 329 која се гради и е лоцирана на најниската низводна кота во споредба со останатите, е со моќност од 0,8 мегавати. Водостопанска согласност даде надлежното Министерство, со што се исполнуваат најстрогите критериму за заштита на животната средина.

Во периодот кога нема вода, нема да работи хидроцентралата. Биолошкиот минимум, рибната патека, ќе бидат запазени и тоа е во договорот со самиот концесионер- додаде Поповски

Самиот инфраструктурен зафат ќе биде интересен и атрактивен за туристите, но уште позначајно е, вели Поповски,  што се работи на изградба на обновливи извори на енергија, обврска која ја имаме како земја кандидат за членство во ЕУ.