Пет македонски иноватори со златни медали на меѓународни саеми
- Македонски иноватори за неколку месеци добија голем број награди на меѓународни саеми. Петте иновации што се претставени на саеми во Москва, Мостар, Белград, Бања Лука, во Чешка и Полска добија златни медали и плакети.
- За само три месеци излеговме на шест меѓународни саеми. Се претставивме во Москва, каде Македонија првпат учествува, потоа во Мостар, Белград, Бања Лука, во Чешка, Полска, од каде не се стигнати сите медали. Ги очекуваме и наградите од Бугарија и од Канада и од Севастопољ, каде сите пронајдоци што ги имавме добија награди, изјави денеска Мирко Узелац претседател на Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија, претставувајќи ги наградите што ги освоија домашните иноватори.
Појасни дека се наградени пет патенти на пет наши иноватори.
Станува збор, како што рече, за лежечки полицаец, потоа шаторска камп куќичка, што веќе се произведува и извезува, со природен систем за климатизација, еко централа што е вклучена во еден од проектите што ги прави еден од руските институции со средства од неколку милиони евра, и еден апарат за гласовни команди.
Појасни дека одлучуваат патентите да ги поделат во групи и да ги испраќаат на меѓународни саеми за да освојат награди на сите саеми.
Ново на Сител
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
-

Екс директорот на Геријатрија идната недела ќе ја слушне пресудата за примање поткуп
-

Неизвесно е воведувањето на системот „Safe city“ од 1 февруари
-

Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
-

Уапсен напаѓачот на бугарската амбасада
-

Собранието ги избра адвокатката Јошевска и професорката Кадри за членови на Судски совет
-

Истрошени се сите средства од Народен правобранител, должиме 70 илјади евра за кирија, вели Руфати
-

Апасиев засега единствен преставник на опозицијата на лидерската кај Мицкоски
