-->
-->
Пет лица загинаа во пожар во руската Јарославска област
-->

Пет лица, од кои четири деца загинаа во пожар синоќа во населеното место Песочное во Јарославската област, изјави извор на Брзата помош, јави ТАСС.
По почетокот на пожарот вечерта, 23 лица биле евакуирани од дрвената зграда со многу апартмани во Песочное. Меѓу нив нема повредени, а преживеаните се жалеле само на стрес. Зградата целосно изгорела во огнената стихија.
Телата на загинатите се откриени подоцна, при расчистувањето на остатоците.
Руското Министерство за вонредни ситуации разгледува две верзии за можната причина за пожарот, невнимателно ракување со оган или краток спој, изјави портпаролот на локалниот огранок на Министерството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
