Пет лица загинаа, а седум се повредени при американските воздушни напади во Сирија
Пет лица се убиени, а седуммина повредени при воздушните напади на САД врз база на ВВС во централниот дел на Сирија, изјави денеска гувернерот на Хомс, Талал Барази, додавајќи дека не очекува значителен пораст на бројот на жртвите.
- Меѓу загинатите има тројца војници и двајца цивили, истакна Барази.
Командата на сириската армија ги евакуирала повеќето воени авиони од базата, пред таа да биде нападната од САД, објави либанската телевизија „Ал Мајадин“.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека најмалку четворица војници, вклучувајќи и еден генерал, се убиени во американскиот ракетен напад, кој речиси целосно ја уништил сириската база на ВВС во близина на градот Хомс. Центарот наведува и дека десетици сириски војници се повредени во нападот.
Претставници на сириската армија засега не ги коментираат податоците на Сирискиот центар, чие седиште се наоѓа во Лондон.
Ново на Сител
-
„Тајмс оф Израел“: Нетанјаху побарал од Трамп да не ги укинува санкциите за Сирија
-
Собранието го донесе Законот за енергетика, за Божиновска тоа е еден од најважните
-
Зеленски: Не сум разговарал со Венс од кавгата во Белата куќа
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје