Песокот и морето не се опасни за заразување од Ковид-19, сметаат грчки експерти
Оваа година е толку безбедно да се легне на песок, колку што беше лани и преклани, но и пред десет години, вели професорката по морска микробиологија на Универзитет „Ејџиан“, Адамантиа Ефстратиу, додека пак професорката од Катедрата за океанографија и морска бионаука, од истиот Универзитет Рања Ѕораки, истакнува дека дури и на плажа потребно е да се држи неопходното растојание.
За пливањето во море, професорката Ефстатиу објаснува дека важи истото она што важи и за било кој друг простор, но додава дека треба да се разгледа случајот што доколку некој е заразен, кашла, а се наоѓа на растојание помало од 1,5 метар. Сепак истакнува дека од „морската вода нема да го закачиме коронавирусот за да се разболиме“
Во однос на плажите објаснува дека поради сонцето и високите температури вирусот, дури и да се наоѓа на песокот не може да преживее.
Професорката Ѕорѕаки потенцира дека е важно сите да се придржуваат кон правилото за држење растојание, па дури и на плажа, а додава дека на организираните плажи со лежалки, за секое лице потребно е да има најмалку пет, а најдобро осум метри квадратни, за да се избегне близок контакт.
Во однос на поставувањето плексиглас меѓу лежалките како можно решение за заштита на плажа, професорката Ѕораки вели дека „тоа е идеја што може дури да биде и опасна“, особено за малите деца кои додека си играат може да се удрат, додека пак професорката Ефстратиу објаснува дека „сите тие планови за чудни конструкции на песок се претерани и немаат никаква врска со јавното здравје“.
Ново на Сител
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот
-
30 години Сител Телевизија - Ваш прв избор
-
Масовни протести во Грузија: Стотици уапсени, полицијата обвинува за насилство
-
Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Приведена кавадарчанка за обид со туѓа лична карта да подигне пари