Македонија
1. January 2024 - 16:50

Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век

Дебармаалци први на оро. Со чашка ракија и мезе ја продолжија 96 годишната традиција. Точно напладне, со „Ој Вардаре Македонски“ ја прославија новата година и го предадоа кумството.

Прославата догодина ќе ја организира Томислав Трифуновски. Со кршење на погачата и предавање на бајракот, тој го презеде кумството од Михаил Гаревски. 

Старите скопјани се особено горди на традицијата. 

Традицијата трае од изградбата на Идадија во 1928. Обичајот почнува истата година и скоро цел век е задолжен за зачувување на стариот градски дух.