Песков: Можно е брзо да се договори средба меѓу Путин и Трамп, но за тоа во моментов нема потреба

Можно е брзо да се договори средба меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, но за тоа во моментов нема потреба, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Хипотетички кажано, тоа е можно, но во моментов нема потреба од тоа“, рече Песков и оцени дека сега е потребна напорна работа за украинското решение.
Претседателите на Русија и САД се согласија да се сретнат во Будимпешта и да започнат подготовки за состанок по разговорите на 16 октомври, потсетува руска новинска агенција, додавајќи дека на 23 октомври Трамп неочекувано го објави одложувањето на самитот на неодредено време, тврдејќи дека нема да може да го постигне „она што е потребно“ до предвидените датуми.
Од друга страна, Песков изјави за руска новинска агенција дека Русија е заинтересирана за мирно решавање на конфликтот меѓу Венецуела и САД.
„Секако, ние сакаме сè да биде на патот на мирот и да не се појават нови конфликти во регионот. Светот е веќе полн со конфликтни ситуации. Нови конфликти не ни се потребни“, рече Песков по повод публикацијата во американскиот весник „Вашингтон пост“ дека под закана од САД, венецуелскиот претседател Николас Мадуро побарал од својот руски колега Владимир Путин ракети, радари и авиони.
МИА
Ново на Сител
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
-

Кривична за 46-годишник од Гостивар, преку коментари на социјалните мрежи ширел омраза
-

Заврши судењето на Стојанче Зарков за убиство на неговата мајка, пресудата закажана за 9 февруари
-

Уапсен охриѓанец за лажни сообраќајни, измамил граѓани за 60.000 евра
-

ВМРО-ДМНЕ: Дали СДСМ работи против „Безбеден Град“
