Свет
14. November 2022 - 12:09

Песков: Без коментар за посетата на Зеленски на Херсон, тоа е територија на Русија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска не ја коментираше веста за посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на украинскиот град Херсон, кој неодамна беше напуштен од руските сили.

„Без коментар. Знаете дека тоа е територија на Руската Федерација“, одговори Песков на новинарско прашање како Кремљ ја оценува посетата на Зеленски на Херсон.