Македонија
19. September 2018 - 19:21

Пешачките премини покрај училиштата во Битола црна точка за пешаците

СТОП – сакам да поминам! Оваа порака денеска им ја испратија учениците од пешачкиот премин на улицата Васко Карангелевски во Битола на возачите. Токму на оваа улица, според податоците на СВР Битола, во периодот од 2003 до 2015 година повредени се 38 пешаци, од кои голем дел се деца. Кампања за зголемена безбедност на пешаците во сообраќајот вклучува и иницијатива до Општина Битола и СВР-Битола за поставување на семафори на повик на пешачкиот премин меѓу постојките кај Педагошка.

-Дури 75% од анкетораните 770 граѓани на град Битола сметаат дека поминуватњето на четири ленти на улицата „Васко Карангелевски“ од учениците е крајно незбезбедно. Особено заради тоа што дури 57% од граѓаните како главна причина за небезбедноста на пешаците при поминување на пешачки премин, ги посочуваат несовесните возачи. Од друга страна дури 86% од анкетираните граѓани сметаат дека со поставувањето на семафори на повик во значителна мера ќе се подобри безбедноста на пешаците, изјави Мите Ристов, Геосфера - Битола. 

-За жал и јас бев еднаш во една ситуација ставена и тоа на пешачки премин да не се испочитува моето право, изјави Гордана Угриновска, наставник во ОУ Елпида Караманди Битола. 

Преку оваа улица е училиштето, градинката, но исто така и Дневниот центар за лица со пречки во развојот. Децата кои го посетуваат овој центар, се соочуваат со проблеми со несовесните возачи кои не застануваат на пешачки.

-Да бидеме сите внимателни кога деца поминуваат улица, многу повеќе кога деца со развој ја поминуваат улицата. Препорака до сите возачи, помогнете им и не им го отежнувајте животот, изјави Вера Попчановска, ретки и различни Битола.  

Проблемот е детектиорат од страна на локалната самоуправа.

-Едно од решенијата би можело да биде поставување вертикална сигнализација, но оставивме стручни лица со подетална анализа да го обработат ова, изјави НАТАША ПЕТРОВСКА, ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИТОЛА.

Токму денес се одбележува Европскиот ден без жртви во сообраќајот.

-Да ги опомениме и возачите, затоа што несоодветното управување на возилото, може да предизвика сериозни последици, но и сите учесници во сообраќајот дека нивната одговорност е поделена заедно со возилата, изјави Јасмина Талевска, Претседател на ОСБСП Битола. 

Општина Битола за првпат оваа година е дел од семејството над 2600 европски градови кои ја поддржуваат Европската недела на мобилност