ПЕС ќе му предложи Европскиот совет во јуни да определи датум за старт на преговори со Македонија

Членките на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) кои имаат свои претставници во највисоките институции на ЕУ ќе му предложат на Европскиот совет на ЕУ во јуни да определи датум за старт на преговори со Македонија, соопшти СДСМ.
Според СДСМ, Македонија има силна поддршка од сите членки на ПЕС. Тие ветија ангажман за да се унапредат перспективите на земјава. Ова било едногласно потврдено на денешниот состанок на лидери на партии и шефови на влади на ПЕС во Софија на кој учествувал и премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев.
Заев, истакнува СДСМ, бил поканет прв да зборува на Самитот на ПЕС.
На Самитот учествуваа и премиерот на Грција и претседател на Сириза Алексис Ципрас, премиерот на Португалија и претседател на Социјалистичката партија на оваа земја Антонио Коста, пратеникот во Европскиот парламент од Социјалдемократската партија на Германија Удо Булман, претседателот на Лабуристичката партија и премиер на Малта Џозеф Мускат и претседателката на Социјалистичката партија на Бугарија Корнелија Нинова.
Претседателот на ПЕС и поранешен премиер Сергеј Станишев посебно го поздравил присуството на премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
