Перински: Нема конструктивни предлози од Арсовска, го очекуваме нејзиниот план за решавање на состојбите со претпријатијата до крајот на неделава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, треба до крајот на оваа недела да состави план којшто ќе биде презентиран пред советниците во рамки на Советот на Град Скопје, информираше министерот за локана самоуправа, Златко Перински, на прес-конференција во Владата по средбата на премиерот Христијан Мицкоски со Арсовска.
Тој, меѓудругото, кажа дека на денешниот состанок не слушнале ништо конструктивно од градоначалничката во однос на решавањето на проблемите со Јавното комунално претпријатие и Јавно сообраќајно претпријатие.
- Штотуку заврши состанокот помеѓу Владата и градоначалничката. Практично можам да кажам дека уште позагрижени сме сега, отколку пред да почне состанокот. На кратко, нашите очекувања како Влада беа дека од страна на Градот ќе слушнеме некаков план или некакви реални потреби кои што ќе можеме ние како Влада да помогнеме за тој план да се реализира. Но, од нивна страна не слушнавме ништо конструктивно, рече министерот на прес-конференција во владата по состанокот.
Дополни дека како генерален заклучок е немањето комуникација помеѓу советничките групи во рамки на Градот Скопје што, како што дополни, е една фаза од препреките за реализација на проектите од страна на Градот.
- Затоа градоначалничката предложи до крајот на оваа недела да состави некаков план кој што пред се ќе биде презентиран пред советниците во рамки на Советот на Град Скопје, иако нашите очекувања не се големи, морам да признам, за жал, дополни тој.
Министерот Перински рече дека ќе го почекаат предлогот до крајот на неделата и врз основа на тој предлог план ќе носат заклучоци.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
-

Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник
-

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута
-

Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
