Свет
3. March 2017 - 8:53

Пери и Карсон положија заклетва како секретари за енергетика и за домување и урбанизам

Поранешниот гувернер на Тексас, Рик Пери положи заклетва како секретар за енергетика во администрацијата на претседателот Доналд Трамп. а поранешниот кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија, Бен Карсон положи заклетва како секретар за домување и урбанизам.

Пери, кој беше изгласан во Сенатот со 62 гласови „за“ и 37 „против“ положи заклетва во Белата куќа пред заменик претседателот Мајк Пенс.

Пери вети дека ќе ги заштитува интерсите на Министерството и нуклеарните резерви на САД, како и дека ќе развива енергетика од сите извори, вклучително и нафтата и природниот гас, нуклеарна енергетика и од обновливи извори.

Пензионираниот неврохирург Карсон беше изгласан од 58 сенатори, и тој ќе раковиди со Министертството во кое има 8.300 вработени и буџет од околу 47 милијарди долари, со кои обезбедува помош за луѓето со ниски приходи.