-->
-->
Перез: Зидан клучен за трофејот во ЛШ
-->

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез денеска дека рече дека клучот во освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите е тренер Зинедин Зидан.
Зидан на клупата на Реал Мадрид го наследи Рафаел Бенитез во јануари оваа година и го предводеше „кралскиот кклуб“ до 11. наслов европскиот шампион. Во исто време, Зидан стана единствениот кој трофејот во шампионската лига го освоил како тренер, како асистент и како играч на Реал.
- Клучот за успехот е Зидан. Тој ги симболизира вредностите на Реал Мадрид, како што се почитувањето и талентот. Кога разговарав со него во јануари, тој ми кажа дека е подготвен и дека добро ги познава играчите. Едноставно ми порача да не се грижам и дека сигурно ќе направиме нешто големо оваа сезона, изјави Перез за шпанските медиуми.
Реал Мадрид под водство на францускиот стручњак во саботата во финалето на фудбалската Лига на шампионите го победи Ателтико Мадрид на пенали и го освои 11.трофеј во елитното натпреварување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
