Пеплосан целиот стан во зградата по пожарот на штипската улица „Широк дол“
Пеплосан е целиот стан, од каде што почнал пожарот синоќа во зградата на улицата „Широк дол“ во Штип. Црнила и вода на сите страни, изгорена е покуќнината, но и картони, пластики кои станарката ги собирала.
![]()
МИА денеска беше во зградата, каде што станарите ноќта ја поминале под ведро небо, или кај своите роднини. Сите заедно го чистеа влезот, вратите од црнилата, кој чадот и огнот и ги оставил зад себе.
Снежана Шалева која живее под станот, што целосно изгоре вели дека сликата синоќа била страшна.
-Вифна пламенот нагоре не можевме да ги спуштиме ролетните, ниту прозорците да ги отвориме. Јас успеав да се симнам до доле, но се онесветив и право во Брзата помош ме однесоа. Мажот ми остана два саата во станот, се додека траеше пожарот, после и него го изнеселе и него го однеселе во Брзата помош со кислород, вели Шалева.
![]()
Станарите велат дека не е првпат да се пали станот на нивната сосетка, пожарната во изминатите 20 години интервенирала минимум трипати.
Ване Монолев станар вели дека досега пишувале петиции и барале од надлежните институции да се згрижи нивната сосетка.
![]()
-Еве и вие самите гледате, што има горено, картони, пластики. По двапати се појави пожарната синоќа. Благодарение на брзата интервенција на пожарната се изгасна пожарот, а беа излечени и сите станари. Јас, сопругата и соседката останавме горе, пробав да се симнам со тубите со вода еве до трети спрат, но повторно се вратив назад, оти се загушив и морав да се вратам, вели Манолев.
Станарите велат дека пред неколку години им бил забетониран хидрофорот, сега бараат надлежните институции да го стават во функција.
![]()
Штипското комунално претпријатие „Исар“ попладнево ќе го изнесува сметот и остатоците од пожарот. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков вели дека со градежна механизација ќе се чисти просторот.
Според увидот на надлежните институции и на пожарникарите, синоќа во зградата целосно е изгорен еден стан, додека вториот делумно е зафатена.По увидот струјата е вклучена во зградата. Надлежните по синоќешниот увид ќе утврдат кои се причините за пожарот, а сомнежите на станарите се дека настанал од свеќа или плинска боца.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
