Пензионерите секојдневно на улица, каков модел е најсоодветен?
Државата да најде пари за пензионерите, исто како што наоѓа за повисоките плати на функционерите, бара поранешниот прв човек на сојузот на пензионери. Смета дека во услови на инфлација, кога цените растат секој ден, минималната пензија треба да биде 20 илјади денари. Според Аргировски, моделот за пресметка на пензиите е дефектен и не е швајцарски, туку измислен.
Актуелната претседателка на СЗПМ вели дека минималната плата и пензија никогаш не биле исти, а линеарно покачување не постои никаде. Барањата на пензионерите ги почитува, ама на протести нема да оди, оти работата не и била на улица, туку во канцеларија.
Ако се реализира најавеното зголемување на пензиите од 6%, најмногу ќе добијат 850 пензионери со воена пензија, односно 1.620 денари. Најмалку ќе земат пензионерите со земјоделска пензија – само 600 денари покачување.
Државата редовно покрива голем дел од кусокот на пари во Фондот за пензиско. Според буџетот за годинава, во пензискиот фонд треба да се пополни дупка од 508 милиони евра.
Во земјава има над 330 илјади пензионери. Од нив над 94 илјади месецот го туркаат со 13.300 денари.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар