Пензиите за месец мај ќе се исплаќаат од среда
Владата, на вчерашната 56-та седница, го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 мај 2020 година, при што се препорачува на деловните банки од среда 27 мај 2020 година да обезбедат пензионерите со мајските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
– Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: во среда, на 27 мај 2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во четврток, на 28 мај 2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во петок, на 29 мај 2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во понеделник, на 1 јуни 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари, соопштија од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Зеленски: Условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека таа земја сака војната да продолжи
-
Приведен скопјанец кој му се заканувал на инспектор од АХВ
-
Јахоски спроведен во „Шутка“ на 30 дневен притвор
-
Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава | ВИДЕО
-
Шест лица повредени во сообраќајка во Куманово, меѓу нив и четворица полицајци
-
Во Словенија и Хрватска издадени предупредувања за невреме
-
Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро
-
Приведен криминалец баран со потерница