Пентагон смеат дека руската армија може да биде поразена ако нападне на Балтикот или Балканот

Пентагон смета дека руската армија ќе биде поразена во случај на напад врз Балтикот или Балканот, пишува руското издание „Военое обозрение“.
Генерал Кертис Скапарати, кој ја предводи Европската команда на САД во извештајот до Конгресот, вели дека влијанието на Русија на Балканот постојано се зголемува во изминатите месеци.
Генералот истакна дека е загрижен за руската програма за модернизација на војската. Во исто време, тој верува дека силите на САД и НАТО на источната граница на Европа значително ја надминуваат руската армија, а таа може брзо да биде поразена ако Москва преземе агресивен напад врз балтички или балкански региони.
Шефот на Европската команда пред Конгресот изјави дека е повеќе загрижен за „вмешувањето на Русија на Балканот”.
Загрижен сум за Балканот и за зајакнувањето на штетното влијание на Русија во изминатата година, вели Скапароти.
Всушност, според генералот, руските „кампањи за дезинформации и поддршка за маргинални, анти-владини и анти-нато групи во некои балкански земји” се интензивираат во изминатите шест до осум месеци.
Според американскиот генерал, руската влада се обидува да ја искористи таквата тактика за да ја одврати Црна Гора од пристапувањето во НАТО или да го спречи тоа, но обидот е неуспешен. Истите чекори Русија, исто така, ги превзема во Северна Македонија која наскоро ќе се приклучи на НАТО.
Високиот воен претставник објасни дека стабилноста на Балканот е секогаш под закана. Но, интервенцијата на Русија може да доведе до фактот дека „луѓето ќе изгубат надеж“ желбата за членство во НАТО ќе се намали.
Ново на Сител
-

Провалиле во над 10 куќи, украле злато, пари и оружје – од една извлекле и сеф тежок 400 килограми
-

Македонија официјално има Гинисов рекордер: Кристијан Бајовски направи 1.257 склекови за еден час со 9 кг тежина
-

Македонските кик-боксери ги дознаа противниците на Светското првенство во Италија
-

Пад на цените на нафтата на најниско ниво во последните десет дена поради надежите за дипломатски пробив со Иран
-

Министерството за енергетика ќе ги соопшти активностите за заштита, сертификација и промоција на македонскиот рубин
-

Рождество на Пресвета Богородица – почетокот на сите празници
-

Променливо облачно, попладне локални врнежи и невреме
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
