Свет
10. јуни 2021 - 10:34

Пентагон разгледува планови да ги запира талибанците со воздушни удари

Министерството за одбрана на САД разгледува планови да побара дозвола од претседателот Џо Бајден за да изврши повеќе воздушни напади во Авганистан, објави Њујорк Тајмс.

Медиумот се повикува на вработените во администрацијата.

Според нив, Пентагон активно развива план за тоа како да реагира во случај американското повлекување од регионот да претставува закана за националната безбедност.Американската армија разгледува опланови дали да постапи во поддршка на авганистанските безбедносни сили доколку Кабул или друг голем град е во опасност поради талибанците.

Американските сили веќе се на половина од повлекувањето од Авганистан, што започна во април, откако претседателот Бајден објави дека војниците ќе ја напуштат земјата до 11 септември, со што ќе се заврши најдолгата американска војна во странство.