Свет
17. February 2016 - 9:10

Пентагон: Кинезите поставија ракети на спорни острови

Пентагон тврди дека има докази oти кинеската војска распоредила ракети од типот земја-воздух на одредени острови во Јужното Кинеско Море. 

Како што пренесува весникот „Њујорк тајмс“, поради тоа ќе дојде до ескалација на тензиите во регионот, бидејќи се тоа се случува иако претставници од Пекинг тврдеа дека нема да ги милитаризираат островите во морето, за кои одделни држави го забавуваат суверенитетот на Кина. 

Неименуван кинески претставник рече дека изгледа Кина поставила ракетни системи од типот „HQ - 9“ на островот Вуди, кој, освен Кина, за свој го сметаат и Виетнам и Тајван. 

Имено, Министерството за одбрана на Тајван во официјалното соопштение потврди дека Кина поставила противавионски ракети на островот. 

Американски претставник, кој говореше за „Њујорк тајмс“, не сакаше да даде информации кога се ракетите поставени, како и дали и колку од нив се во моментов во состојба да делуваат. 

Кинеските ракети „HQ - 9“ имаат домет од околу 120 километри и можат да уништат авиони и други крстечки и балистички ракети.