Пентагон дозволи трансродни лица да служат војска

Пентагон ќе дозволи трансродни лица да служат во американската војска, со што ќе биде укината една од последните забрани за служење во оружените сили на САД, соопшти денеска американскиот министер за одбрана Ештон Картер.
Тој оцени дека тоа е вистинската одлука и оти само нечии квалификации треба да бидат важни, а не да постојат други бариери во службата кои немаат врска со тоа.
Објавата доаѓа и покрај загриженоста на високи воени команданти дека Министерството за одбрана оди премногу брзо со промените и дека е потребно повеќе време за тие да се спроведат.
Најновите промени ќе бидат извршени за нешто подолго од една година, но до 1 октомври трансродните лица би требало да почнат формално да ги менуваат своите идентификации на полот во персоналниот систем на Пентагон и да добиваат медицинска нега.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
