-->
-->
Пентагон: Антимуслиманската реторика ја поткопува американската национална безбедност
-->
Пентагон денеска предупреди да не се даваат изјави што ги потхрануваат тврдењата на џихадистичката група Исламска држава дека САД се во војна со исламот, пренесоа британските медиуми.
-Сето она што ги потхранува тврдењата на ИД и ги насочува САД против муслиманската вера, не само што во спротивност со нашите вредности, туку е во спротивност и со нашата национална безбедност, изјави портпаролот на Пентагон Питер Кук.
Коментарот претставува индиректна критика на изјавата на републиканскиот претендент за Белата куќа, Доналд Трамп, кој предложи на муслиманите да им се забрани влезот во САД, забележаа британските медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела
-
Тошковски: Во премногу рана фаза сме за да навлегуваме во детали за истрагата во Судскиот совет
-
ДПИ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
-
Тошковски: Уапсени 4 лица, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија