-->
-->
Пенс: САД ќе ја почитуваат спогодбата за бегалци со Австралија
-->
Американскиот потпретседател Мајк Пенс порача денеска во Сиднеј дека САД ќе ја почитуваат спогодбата за бегалци со Австралија, според која на американска територија би се населиле 1.250 лица, кои бараат азил.
Претседателот на САД, Доналд Трамп претходно ја нарече „глупава“ оваа спогодба.
Пенс на заедничката прес-конференција со австралискиот премиер Малком Турнбул изјави дека спогодбата ќе биде предмет на проверка нагласувајќи дека почитувањето на договорот не значи дека се воодушевуваме на спогодбата.
Тој истовремено најави дека група бродови, предводени од носачот на авион „Карл Винсон“, кои се движат кон Корејскиот Полуостров, следните неколку дена ќе пристигнат во Јапонското Море.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори