Пендаровски: Тензиите на Косово нема да ја загрозат нашата безбедност, неодговорно е да се разговара за размена на територии
Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека не очекува последните тензии во Косово да имаат влијание на безбедносната состојба во земјава.
– И да има тензии во иднина во Косово со сличен карактер, профил или слични пропорции, тие нема да бидат такви, за да ја загрозат околината на Косово, особено нашата држава, нагласи претседателот на државата Стевоп Пендаровски, одговарајќи денеска на новинарско прашање.
Тој информира дека надлежните институции деновиве и во изминатите недели будно ја следеле состојбата на северната граница и според сите информации тензиите таму одат во надолна линија. Според него, тоа се проценките на надлежните служби на КФОР на Косово, на клучните меѓународни фактори и на нашите институции кои соработуваат со нив.
– Во овој момент трендовите за загрозување на безбедноста се во надолна линија, состојбата се смирува и тоа се проценките за еден кус временски период, бидејќи таму долгорочни прогнози не можат да се направат, неблагодарно е, со сигурност да знаете што ќе се случува, изјави Пендаровски, кој денеска беше во прва посета на МО и на Генералштабот на Армијата.
За истото прашање министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која денеска му беше домаќин на претседателот Пендаровски, истакна дека и ние и целиот регион сме свесни дека нарушувањето на безбедноста кај нашите соседи секогаш има негативни последици. Наместо само да стравуваме, подвлече, ние како држава и како Влада решивме да дејствуваме.
Според него, станува збор за анахрона идеја која не припаѓа на 21 век. Во денешниот модерен свет, рече, ние мораме со дијалог и со компромис да ги решаваме сите проблеми.
– Најлесната работа која може да ја направите е да ја исчистите територијата од поинаквите, различните од вас или мене и да владеете така со тие територии, нагласи претседателот на државата.
Смета дека убавината и богатството на нашата држава и на сите околни држави, кои се исто мултиетнички, е токму во разновидноста.
– Час поскоро треба да се престане со лицитирање на таа тема. Зборувам за политичарите кои се на власт во државите околу нас, па дури и кај нас ако сакате. Тоа може да биде работа на експерти на новинари, но не на одговорни политичари, бидејќи е неодговорно да се разговара за една во суштина грозна идеја за размена на луѓе и територии во 21 век. Последен пат таква работа се случуваша, со поддршка на големите сили 1923 година. Турција и Грција и ден денес влечат последици од таа размена на луѓе и територии, рече меѓу другото претседателот Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки