Пендаровски: Со единство за најважните работи да градиме држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина

Секоја генерација носи одлуки кои ја одредуваат судбината на народот и иднината на државата. Споредувајќи ги и вреднувајќи ги историските епохи, нашата антифашистичка генерација сигурно се издвојува според маркантноста на своето дело, вели претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во видео – обраќањето по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.
Во 1941 година, кога поголемиот дел од Европа и ние овде бевме окупирани од фашизмот, храбрите борци на партизанските одреди во Прилеп и Куманово ги нападнаа симболите на непријателите на слободата. Водени од вербата во правда, еднаквост и човечност, партизаните успеаја да го обединат и поведат народот во антифашистичка, народноослободителна борба. Во движењето на отпорот се вклучија граѓани од секоја етничка, верска и социјална категорија. Неколкуте партизански одреди прераснаа во баталјони, бригади, дивизии и корпуси на стоилјадната македонска војска. Останувајќи дел од големата антихитлеровска коалиција до крајот, македонските граѓани ја избраа страната на прогресивниот дел од човештвото, се наведува во обраќањето.
Благодарение на внатрешното единство на народот и цврстата надворешна врска со клучните земји во антифашистичкиот сојуз, посочува Пендаровски, таа славна генерација успеа да се избори за македонската слобода и државност.
-Драги сограѓани, ние сме вечни должници на таа генерација учесници во големото народно востание. Затоа е нужно да бидеме свесни за нашата одговорност во чувањето на државата и слободата извојувана пред многу години. Тоа е возможно само ако го следиме нивниот пример и ја преземеме нашата генерациска одговорност. Преку граѓанско помирување и солидарност да постигнеме внатрешно единство ако сакаме да ја реализираме нашата заедничка цел – трансформација на Северна Македонија во напредна и просперитетна држава – членка на НАТО и на Европската Унија, потенцира Пендаровски.
Со единство за најважните работи, вели претседателот, да градиме држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина.
Со такво единство да создаваме праведно, слободно и здраво општество во кое мора да има место за секого. Здруженоста на различните и солидарноста меѓу нас се клучот на секој успех, услов за постигнување на секоја благородна и праведна цел, а таква имаме пред нас! Нека ни е честит Денот на народното востание!, стои во видео-обраќањето на претседателот Пендаровски по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски со порака за 22 години од смртта на претседателот Трајковски: Неговата визија останува патоказ
-

Кривична за Фатмир Дехари и две други лица, го оштетиле буџетот на Кичево за 1.400.000 денари
-

Полицаец кој го обезбедува Собранието возел без да има положено за возачка дозвола
-

Мицкоски до Филипче: ВМРО-ДПМНЕ, и по 2028, ќе ја формира следната влада, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика
-

Одобрени обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“
-

Гаши не го коментира случајот со враќањето на Груби во земјата, смета дека политиката не треба да се меша во судството
-

Николоски: Нови експресни патишта за подобро регионално поврзување
-

Камион усмрти крава на патот Крива Паланка - Куманово, возачот се обидел да избега | ФОТО
